Љутков: Новата конструкција на Универзалната сала е десетпати побезбедна

by irena 22:01
22:01

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во гостувањето на „4ТВ“ во врска со градежните активности за обновата на Универзалната сала во Скопје рече „Новата челична конструкција е апсолутно безбедна. Таа е за 10 пати постабилна и побезбедна од претходната која Универзална сала ја имаше со децении. Проектирана е наменски, за да може без проблем да ја издржи тежината на новата фасада, но и на комплетно новата сценска технолошка опрема која ќе биде инсталирана внатре“.

Тој се осврна и на хаосот со бирократските процедури и ингеренциите меѓу Град Скопје и Министерството за култура кои со години го кочеа проектот.

„Таму веќе имаме и кривична пријава за договор склучен во ‘четири очи’, за истечен договор кој се терал без јавна набавка и без соодветен тендер. Претходниот проект беше планиран во три фази, но во ниту една од нив воопшто не беше предвидено внатрешно уредување, ниту пак партерното парковско уредување околу салата! Замислете до каде одеше тој апсурд“ – изјави Љутков.

Слични вести