Белорускиот претседател Александар Лукашенко, по средбата со Владимир Путин изјави дека рускиот лидер ќе објави „многу добар предлог“ за завршување на војната во Украина, кој, според него, бил широко поддржан од САД.
Лукашенко, кој разговарал со Путин во Москва повеќе од пет часа, не кажа што точно содржи предлогот, но додаде дека тој бил претставен и на американскиот претседател Трамп кога се сретнал со Путин на самитот во Алјаска минатиот месец.
-Тоа е добар предлог за Украина, предлози кои ги слушна Доналд Трамп во Алјаска, меѓу другото, и кои беа однесени во Вашингтон на разгледување и дискусија. Многу добар предлог. Ако Украинците не ги прифатат овие предлози, ќе биде како на почетокот на специјалната воена операција. Ќе биде уште полошо, тие ќе ја изгубат Украина – додаде тој.