159
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, објави дека тој и претседателот на САД, Доналд Трамп, дошле до “заедничко разбирање” за начинот на кој може да се воспостави прекин на огнот во Газа и да се обезбеди долготраен мир во палестинските области.
-Објаснивме како најпрво да се постигне прекин на огнот во Газа, а потоа траен мир. Постои заедничко разбирање за ова – изјави Ердоган по средбата со Трамп во Белата куќа.
Тој подвлече дека решението со две држави останува единствената опција за траен мир на Блискиот Исток, предупредувајќи дека сегашната состојба е невозможна за одржување.
-Господинот Трамп е свесен дека работите не можат да продолжат вака – додаде Ердоган.