3
Започна ракометната Лига на шампионите во „Јане Сандански“ во Скопје.
Македонскиот првак Вардар загуби од Нант со 32-33 во драматичен дуел.
Двата тима имаа свои минути и на крај решаваше последниот напад.
Во последната минута се влезе со нерешени 32-32. Малус не даде гол за водство, а на другата страна Французите погодија од пенал за победа.
Вардар четири ипол години нема победа во ЛШ, од оние 39-30 против Елверум во март 2022.
Сепак, вљубениците во ракометот во Скопје со песна ги испратија вардарци по мечот.
Најефикасни кај Вардар беа Абделхак со 10 и Малус со 6 голови.
Леополд со 13 голови беше прв стрелец кај Нант.