Лога: Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти

by irena 15:42
15:42

„Северна Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти (ID card). Овие документи лесно се фалсификуваат и можат да се злоупотребат, особено во изборните процеси (процесот на прислушувањето докажа такво нешто), со што се загрозува изборниот резултат, чесноста на процесот, но и безбедноста на државата, вклучително и на регионот (имајќи ја предвид слободата на движење на Западен Балкан со лични карти)“.

Ова на Фејсбук го напиша поранешниот министер за правда – Кренар Лога, кој е актуелен потпретседател на Алијанса за Албанците.

Лога во објавата уште вели „Доколку постои итност во земјата, тоа е трансформацијата на сите овие лични документи во биометриски“.

Слични вести