179
Со натпреварот помеѓу Литванија и Велика Британија во финскиот град Тампере почна 42. издание на ЕвроБаскетот.
Како што се очекуваше, Литванците ја оправдаа улогата на фаворити и победија со високи 94:70.
Иако Британците пружија солиден отпор во првото полувреме, по кое заостануваа само три поени (41:38), Литванија сепак на крајот славеше убедливо, со 24 разлика.
Литванците до победата ги предводеа Јонас Валанчиунас со 18 и Азуолас Тубелис со 17 поени, додека Акуаси Јебоа беше најефикасен кај Британците со 17 поени. Ова беше дуел од Групата Б.
Во меѓувреме заврши и вториот меч во кој Португалија со 62:50 ја совлада Чешка, во рамки на Групата А..