Лилјана Поповска поднесе Иницијатива до Уставен суд за оценка на уставноста и законитоста на Протоколот со Бугарија

by admin 19:42
19:42

Поранешната пратеничка и поранешна претседателка на Демократската обнова за Македонија (ДОМ), Лилјана Поповска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија од 17 јули 2022 година во Софија.

Поповска предлага да се донесе одлука за негова ништовност, поради прекршување на 14 членови од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори, два члена од Законот за надворешни работи и три члена од Уставот. Меѓу прекршените членови од Уставот, според неа, е и членот 8 што се однесува на темелните вредности на уставниот поредок, во делот на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, слободното изразување на националната припадност и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.

Вели дека Протоколот е правен акт потпишан од министрите за надвореешни работи на Македонија и Бугарија, врз основа на членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Според неа, Протоколот ја нема поминато легалната процедура за негово договарање, усвојување од страна на Владата, потпишување, собраниска ратификација и објава во Службен весник.

Слични вести