Лавров: НАТО се обидува да се здобие со упориште на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Aрктикот

by Fokus

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес го обвини НАТО дека ја пречекорува својата традиционална област на одговорност во обид да се здобие со упориште на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Централна Азија, Арктикот и Азиско-пацифичкиот регион.

Лавров изјави дека не се презентирани факти што ги поткрепуваат тврдењата дека Иран наводно подготвува напад врз Израел.

Тој оцени дека процесот на нормализирање на односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави е тежок и не е брз, објави РИА Новости.

Истакна дека нормализирањето на односите меѓу Вашингтон и Москва може да биде корисно за спречување на глобални кризи, пренесува Танјуг.

Поврзани новости