Лавина затрупа тројца хрватски планинари на планината Тошч

by irena 18:50
18:50

Тројца хрватски планинари беа затрупани од лавина на планината Тошч во Јулиските Алпи, потврди Словенечкото здружение за спасување на планината. Операцијата за спасување е во тек.

Поради лошите временски услови, спасувањето со хеликоптер во моментов не е можно.

Полициската управа Крањ изјави дека група од седум лица тргнала на планината, од кои четворица останале во Водников дом во Вело Поље, а тројца се упатиле понатаму кон Тошч. Лавината била предизвикана додека се искачувале.

Голем број спасувачки екипи се упатуваат кон местото на несреќата.

Слични вести