Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот, Мицкоски и неговата банда ги чека иста судбина

by irena 11:30
11:30

На денешната прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, упати остри критики кон поранешниот премиер Никола Груевски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакна дека Груевски, кого го нарече „осуден криминалец во бегство“, повторно се огласува од Унгарија и, како што рече, се обидува да влијае врз институциите и истрагите во државата.

Кузеска оцени дека, според СДСМ, истиот модел на политичко делување продолжува и денес, обвинувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ врши партизација на институциите и воспоставува контрола врз правосудниот систем.

Таа нагласи дека корупцијата и злоупотребите од минатото, како што рече, сè уште имаат последици врз економијата, институциите и младите во државата.

Во обраќањето беше посочено и дека СДСМ останува на ставот дека Македонија мора да продолжи по европскиот пат, со зајакнување на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.

Кузеска додаде дека, според партијата, потребна е независна и непристрасна работа на институциите, без политички влијанија, како услов за враќање на довербата на граѓаните.

Слични вести