Курти: Ни треба сериозна стратегија за Хаг, но за нејзино спроведување ни треба претседател

by irena 15:24
15:24

Косовскиот премиер Албин Курти денеска на седница на Собранието на Косово изјави дека на земјата и е потребна сериозна стратегија за соочување со ситуацијата во Хаг, но дека, според него, за нејзино спроведување државата мора да има функционални институции, вклучително и претседател.

– Ни треба сериозна стратегија за Хаг, но за да ја спроведеме таа стратегија, ни треба претседател – изјави Курти.

Тој истакна дека, соочено со она што го смета за неправедна ситуација во Хаг, Косово „мора да биде силна држава со консолидирани институции“.

– Мора да бидеме свесни за уште една работа – за неправедната ситуација во Хаг ни треба силна држава. Мора да постои закон, но мора да постои и претседател – рече косовскиот премиер.

Курти предупреди дека усвојувањето закон што се однесува на Хаг, без функционална институционална стабилност, би можело да му донесе на Косово нови последици.

– Законот за Хаг без функционална стабилност, без претседател и со повторени избори, носи ризик да доведе до нестабилност во земјата – рече Курти.

Тој најави дека повторно ќе се сретне со претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Беџет Хамза, со цел да се постигне договор за надминување на политичката ситуација, а претходните средби со Хамза ги оцени како конструктивни.

Слични вести