Настрада мотоциклист во сообраќајка во скопско – се судри со автомобил

by irena 13:56
13:56

МВР информира дека синоќа околу 22:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на општинскиот пат с. Орешани – с. Таор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(23) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Ѓ.(44) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди возачот на патничкото возило, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести