МВР информира дека вчера претпладне во 10:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с. Гургурница – с. Стенче, тетовско, патничко возило „лада нива“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот С.Ј. од с. Долно Седларце, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговиот сопатник А.Ј.(21) од с. Долно Седларце, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
Попладнето околу 15:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во атар на с. Никуштак, Општина Липково, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 33-годишната В.А. од с. Никуштак, излетало од коловозот и се превртело.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле нејзините две малолетни сопатнички, додека со телесни повреди В.А., констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.