Културата како нов јазик на брендовите

by irena 22:48
22:48

Во време кога публиката сè помалку реагира на класични реклами, брендовите почнуваат да бараат нов начин да останат релевантни. Но ретки се оние што успеваат тоа да го направат преку културата. Токму затоа проектот што A1 го реализира за Охридско лето деновиве привлекува толку внимание во јавноста.

Наместо производ или услуга, во центарот е ставена една од најубавите македонски песни „Билјана платно белеше“. Но овојпат, претставена во современ jazz аранжман, со визуелен идентитет и атмосфера што повеќе потсетуваат на уметнички проект отколку на класична бренд кампања.

Реакциите на јавноста покажуваат дека токму вакви приказни ѝ недостигаат на домашната сцена. Кампањи што не викаат, не продаваат агресивно и не се обидуваат да бидат „viral“ по секоја цена, туку создаваат чувство и културен момент што луѓето сакаат да го споделат.

Особено впечатлив е начинот на кој A1 се позиционира во целиот проект. Наместо брендот да доминира, фокусот е ставен на музиката, емоцијата и културното наследство. Токму затоа целата приказна изгледа автентично и достоинствено.

Во свет каде што брендовите сè повеќе се натпреваруваат за внимание, можеби токму културата станува нивниот најсилен јазик.

Слични вести