Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

by irena 14:43
14:43

Во СВР Битола од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со тешки повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, e нападнато од кучиња скитници.

Детето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

Слични вести