Возачот без дозвола, возилото нерегистрирано и во него најдена марихуана- одземено возило во Гостивар

by irena 13:57
13:57

Тројца гостиварци се уапсени, а возилото им е одземено, откако биле фатени со нерегистрирано возило во кое имало марихуана, а возачот бил без дозвола. Полицајците ги фатиле вчера во 22 часот на улица ЈНА во Гостивар.

– При преглед на патничко моторно возило „шевролет спарк“ со гостиварски регистарски ознаки, кај Х.Л. е пронајдена кутија со марихуана. Утврдено е и дека возачот А.З. го управувал возилото без возачка дозвола, а возилото било со измината регистрација. Возилото е одземено, а тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци – соопшти МВР.

Слични вести