Крвава драма во Свети Николе – ќерка го повреди татка си со нож

by irena 16:47
16:47

МВР информираше дека завчера во вечерните часови, во Свети Николе се случи инцидент по што полициски службеници од ОВР Свети Николе ја уапсија 42-годишната Љ.Ѓ., по добиена пријава за физички напад врз нејзиниот 71-годишен татко.

Според информациите, инцидентот се случил околу 18 часот во нивниот семеен дом.

Како што се наведува во пријавата, жената не само што го нападнала својот татко, туку и употребила остар предмет, при што му нанела повреди.

По интервенцијата на полицијата, таа била задржана во полициската станица, а по целосното документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести