Кривична за прилепчанецот и охриѓанецот кои прегазија жена на тротоар во Охрид

by irena 13:29
13:29

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(22) од Прилеп, со престој во Охрид и К.М.(19) од с. Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

На 19.06.2025, второпријавениот му овозможил на првопријавениот да го управува неговото патничко возило „голф“ без да поседува возачка дозвола и притоа со возилото удрил двајца пешаци, од кои едниот починал.

На двајцата им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Слични вести