Ковачки по изборот за генерален секретар: Одговорноста е голема

by vlatko 21:50
21:50

Новоизбраниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, преку објава на социјалните мрежи се заблагодари за довербата по неговиот избор на функцијата, истакнувајќи дека станува збор за голема чест, но и сериозна одговорност.

„Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски е огромна. Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија“, напиша Ковачки.

Тој изрази благодарност за поддршката и вербата, нагласувајќи дека ќе продолжи со посветена работа во насока на, како што наведе, сплотеност и чесна политичка борба.

Во објавата, Ковачки упати благодарност и до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски, за кој посочи дека „несебично и целосно бил посветен на организацијата“.

„Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел – нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, порача Ковачки.

Слични вести