Алиу за компаниите за медицински канабис: Вршиме контроли, надлежност има и МВР

by vlatko 21:30
21:30

По акцијата за заплена на марихуана и медицински канабис во Скопје, министерот за здравство Азир Алиу изјави дека Министерството за здравство по давањето на лиценци и дозволи на компаниите за медицински канабис врши редовни и повремени контроли.

-Според нашите протоколи, тие секои три месеци редовно мора да ги известуваат нашите канцеларии, нашата институција. Од наша страна, исто така со Инспекторатот имаме годишен план на контроли, но имаме и ад-хок посети, ако тоа е потребно.

За тоа дали излегуваат надвор и како се пренесуваат една во друга институција, според протоколите, мора да нè информираат. Но, ако е надвор од тие протоколи, ние не сме надлежни како институција, за тоа е надлежно Министерството за внатрешни работи – посочи Алиу.

Слични вести