Заканувачите од протестот во Битола се повикани во полициска станица

by vlatko 22:37
22:37

„Рома прес“ објави дека двајцата учесници на протестот во Битола, Рафет и Феим Мемишовски, кои на протестната блокада на патот Битола-Ресен пред три дена јавно и се закануваа на полицијата, но и на државниот врв, вечерва се повикани на информативен разговор во полициска станица.

Засега не е потврдено дали ќе се води само информативен разговор или, пак против нив ќе биде преземена итна постапка и ќе бидат санкционирани, пишува „Рома прес“.

Претходно, Рафет и Феим јавно се извинија на целиот државен врв за нивните закани.

Тие учествуваа на еден од неколкуте протести на кои граѓани неделава изразија незадоволство од тоа што полицијата им ги одзела автомобилите кои ги возеле без воопшто да имаат положено возачки испит.

Според актуелните прописи, само на луѓето кои имаат завршено основно образование им е дозволено да полагаат за возачка дозвола, што според граѓаните, ги дискриминира.

Слични вести