195
Собранието на Косово со мнозинство гласови ја усвои одлуката за испраќање припадници на Косовските безбедносни сили во Појасот Газа.
Овој потег е дел од пошироката меѓународна иницијатива предводена од САД за стабилизација на регионот по минатогодишниот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.
Распоредувањето на косовските војници се случува во рамките на Меѓународните сили за стабилизација, чија задача е одржување на мирот и поддршка на преодната администрација во Газа.