184
Сончево време со мала до умерена облачност.
Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, променливо облачно, со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец.
Во западниот дел ќе биде нешто посвежо, особено во Охрид, Струга, Дебар и Ресен, додека потопло ќе биде во Скопје, Велес, Кавадарци, Штип, Струмица и Гевгелија, каде дневните температури ќе се движат најчесто меѓу 21 и 24 степени.