Командантот на иранската Револуционерна гарда ги предупреди САД: Прстот е на чкрапалото

by irena 15:21
15:21

Иранската револуционерна гарда е „поподготвена од кога било и со прстот на чкрапалото“, објави денеска нејзиниот командант, генералот Мохамед Пакпур, откако САД објавија дека упатуваат флотила бродови кон Блискиот Исток и дека војската е подготвена да одговори.

Платформата Nurnews, блиска до Врховниот совет за национална безбедност на Иран, објави на својот канал на Телеграм дека командантот на Револуционерната гарда ги предупреди САД и Израел „да избегнат каква било погрешна проценка“.

„Исламската револуционерна гарда и Иран се поподготвени од кога било, со прстот на чкрапалото, да ги извршуваат наредбите и директивите на Врховниот командант“, се наведува во соопштението.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно неколку пати го предупреди Техеран дека ќе употреби сила доколку продолжи убивањето на мирните демонстранти, кои протестираат низ целата земја од 28 декември.

Тој пред два дена изјави дека САД преместуваат воени бродови кон Иран „за секој случај“, доколку се решат да преземат акција.

„Имаме огромна флота што оди во таа насока и можеби нема да мора да ја користиме“, рече Трамп, а американски воен претставник додаде дека во Индискиот Океан има и носач на авиони.

Слични вести