Колумбискиот претседателски кандидат, Мигел Урибе, успешно е опериран откако беше застрелан

by Фокус

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе, кој беше застрелан во главата за време на митинг во Богота, успешно е опериран по приемот во болница во критична состојба, соопшти градоначалникот на главниот град, Карлос Фернандо Галан.

-Мигел Урибе ја помина првата хируршка интервенција успешно – изјави Галан.

Тој додава дека 39-годишниот сенатор од партијата Демократски центар влегува во „критичните часови“ на закрепнување, кои ќе бидат клучни за неговиот живот.

Галан упати повик до властите „брзо да дејствуваат во истрагите, да ги пронајдат организаторите на ова злосторство и да ја гарантираат безбедноста на кандидатите пред изборите во 2026 година“.

Поврзани новости