Собранието на Македонија ја закажа 54. седница за понеделник, односно на 9-ти јуни, со почеток во 11 часот. На дневен ред се предлозите на Владата за нови кадровски решенија во извршната власт.
Пратениците ќе гласаат за избор на нов министер за здравство и нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За министер за здравство е предложен Азир Алиу, кој претходно ја извршуваше функцијата министер за информатичко општество и администрација. Алиу е кадар на партијата Алијанса за Албанците, која останува дел од владината коалиција ВЛЕН, по оставката на дотогашниот министер за здравство, Арбен Таравари, поднесена на 15 мај, кога Таравари се повлече од Владата и премина во опозиција. Во ресорот земјоделство, за заменик-министер е предложен Албрим Хоџа.