Клековски: 12 од повредените во дискотеката „Пулс“ се уште се на болничко лекување

by Fokus

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување, на денешната прес конференција на Владата, зборуваше за состојбата на повредените во пожарот во кочанската дискотека.

-Од 200 повредени во несреќата, 187 беа регистрирани на болничко лекување. Од нив 116 беа лекувани во странство, а 71 во земјата. Починати, за жал, имаше 59 и тројца починаа во болниците во странство, рече Клековски.

Тој истакна дека сега, 12 од повредените се на болничко лекување, од кои седум во странство, а пет се во земјата. Еден од нив е во тешка состојба.

-На преврски и слични третмани имаме 38 повредени, четворица во ‘8 септември’, 26 се во ‘св. Наум Охридски’. Пет се во Кочани и тројца се во Систина. На физичална терапија се 46 лица, од кои, сите се во Кочани, можно е едно лице да е во ‘8 септември’. Третманот со ПРТ (плазма со тромбоцити или без тромбоцити) се прави кај 16 повредени и тој е супериорен третман за намалување на лузните од изгорениците. Ги повикувам сите повредени кои имаат дилема, страв, да се обратат во ‘св. Наум Охридски’ или во Клиниката за пластичка хирургија – рече директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Тој рече дека пациент со тешки изгореници, по еден месец имал значително подобрување на состојбата со третманот со плазма.

Поврзани новости