Кирков: „Поморот во Куќата на стравот продолжува – Во скопската зоолошка починаа уште две лами“

by irena 11:19
11:19

Поморот во Куќата на стравот продолжува – Во Скопје ЗОО починаа уште две Лами. Нашата, Скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел да некоја “умна” глава превземе нешто за ова што и се случува на оваа установа каде од кога дојде Арсовска на чело на Скопје и со поставувајки ги своите “професионални” кадри за директори во Скопје ЗОО угинаа повеќе од 40 егзотични животни дел од нив под сомнителни околности, вели  во својата фејсбук објава Стефан Кирков.

Како што пишува Кирков, пред 4 или 5 дена починале две Лами за кои, како што вели, неофицијално се раскажува дека подолго време појавувале симптоми на туберколоза а пред само нешто повеќе од 1 месец исто така починаа две Лами за кој се знаело наводно дека боледуваат од истата болест туберкулоза!

„Во Скопје ЗОО се случува вистински хаос, од страна на директорот во сенка Стаменов и другиот на хартија Попов е наредено на вработените за смртта на овие Лами да се сокрие и да не се објави, до таму идат што и покрај законската обврска да ја известат АХВ тие тоа не го прават за што АХВ дознаа утрово од мене. Неколку дена предходно вработените имале голем притисок и мобинг од горенаведените да влагаат во живеалиштата на Ламите без никаква хтз или заштитна опрема за што истите реагирале дека се небезбедни од причина што сомнежот за туберколоза и симптомите биле видливи, додека пак овие животни не биле дислоцирани во изолација и под ризик биле изложени сите посетители ако знаеме дека туберкулозата е пренослива преку непосредна близина со заболенито животно, објаснува Кирков.

Слични вести