„Ќе престанете ли да убивате цивили“ – почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

by vlatko 22:43
22:43

Преговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин почнаа во Алјаска за можен крај на руско-украинската војна.

Разговорот се одвива во една од просториите на воената база Елмендорф-Ричардсон, каде што се истакнати националните знамиња на двете земји.

Заедно со двајцата шефови на држави присуствуваат на состанокот и американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот претставник на Белата куќа Стив Виткоф од американска страна, како и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот за надворешна политика на Кремљ Јуриј Ушаков.

Двајцата претседатели се воздржаа од изјави за медиумите на почетокот на преговорите и не одговорија на прашања од претставници на медиумите.

Инаку, додека Трамп и Путин накратко позираа за фотографија на подиум, новинарите ја искористија приликата да им упатат прашања.

-Претседателе Путин, ќе се согласите ли на прекин на огнот? – се слушна од толпата репортери.

Друг новинар праша кој е ставот на Трамп за Путин. Последното прашање гласеше – „Ќе престанете ли да убивате цивили?“.

Слични вести