Касами: ВЛЕН размислува дали да поддржи една, три или осум изборни единици

by Fokus

Градоначалникот на Тетово и дел од ВЛЕН, Биљал Касами вели дека неговата коалиција размислува дали да ја поддржи идејата за една, три или осум изборни единици.

– Ова е едно комплексно прашање. Не е едноставно да се произнесеме сè уште во рамките на ВЛЕН се формира како став за тоа што посебните партиите дел од коалицијата во минатото, имале свои ставови дали за една, дали за три или за осум изборни единици, но на крај на денот треба да имаме предвид дека секоја промена на изборниот законик и реорганизација на изборните единици и треба да пазиме да нема етнички реперкусии, истакна Касами денеска во Тетово.

Како што додаде, кога ќе изградат заеднички став, тоа ќе го објаснат и ќе дадат и нивно образложение зашто стојат позади тој став.

Поврзани новости