Кандидатот за градоначалник на Аеродром ќе стане потпретседател на СДСМ

by irena 13:31
13:31

Кандидатот за градоначалник нопштина Аеродром, Александар Трајановски, ќе стане потпретседател на СДСМ.

Ова го најави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференцијата денес, а во контекст на промените во партијата испровоцирани од големиот пораз на локалните избори. Трајановски, според Филипче е исклучително посветен на партијата и имал одлична кампања на изборите, поради што сметал дека ќе биде корисен на таа функција.

Трајановски е лекар и досега беше член на извршниот одбор на СДСМ.

Слични вести