94
Полицијата од Куманово ноќеска половина час по полноќ упасила државјанин на Канада, кај кого бил пронајден и одземен археолошки предмет.
-Денес во 00:30 часот на улица Доне Божинов во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ј.А.С.(37) од Канада, затоа што кај него бил пронајден и одземен археолошки предмет (артефакт). По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.