(ВИДЕО) Камион со течен гас летна во воздух – усмрти четири лица во Чиле

by irena 15:55
15:55

Силна експлозија го парализираше главниот град на Чиле – Сантијаго.

Камион полн со течен гас експлодираше, а во страотната несреќа загинаа најмалку четири лица. Уште 17 граѓани се тешко повредени.

Меѓу жртвите е и возачот на камионот.

Детонацијата се почувствува на растојание од дури 200 метри. Очевидците сведочат за огромен облак од густ чад кој го прекри небото.

На терен се оштетени најмалку 50 автомобили кои биле во близина.

Слични вести