Кај судијата Ѓоко Ристов и неговите родители пронајдени над 1,5 милион евра

by irena 21:49
21:49

На денешното рочиште во предметот против судијата Ѓоко Ристов беа презентирани во судница информации за сметките во пет банки, Таму има околу 25 милиони денари, додека на сметките на неговата сопруга Симона Ристова евидентирани се околу 11 милиони денари.

Вкупната сума е приближно 600.000 евра.

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ посочи дека кај мајката на судијата, Донка Ристова, биле утврдени средства во износ од околу 975.000 евра.

Вештакот Ѕвонко Кочовски, кој ги анализирал приходите, банкарските приливи и имотот на Ристов потврди дека не може да го утврди потеклото на средствата на судијата и членовите на неговото семејство.

Слични вести