Јаневска: Со е-дневник нема бришење на оценка „двојка“ и поправање во „петка“

by irena 13:26
13:26

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска изјави дека со е-дневникот повеќе нема да може да има бришење и допишување на оценки. Според неа, нема бришење на оценка двојка и поправање во петка – тоа ќе може само администраторот во МОН да го направи, доколку има сериозно објаснување за такво нешто ако згрешил наставникот и да интервенира во најкус можен рок.

-Директорите повеќе нема да можат да интервернираат во графите ниту ќе може еден предметен наставник да ги гледа оценките на другите предметни наставници. Тоа не функционира, кажа Јаневска.

Околу пријавите за недостиг на учебници во училиштата, Јаневска вели дека од прво до трето одделение нема никакви поплаки, а во четврто има предизвик со учебникот по математика.

-Во петто одделение има нов учебник по Историја и општество, во шесто одделение исто има нов учебник по Историја, а во седмо одделение цела генерација добиваат комплетно нови учебници по сите предмети. Во осмо предизвик е учебникот по Историја кој е одобрен од минатите власти и е повлечен во 2018/19 година од МНР поради барањето на Мешовитата комисија. Следната генерација ќе има нова наставна програма. Осмо ќе има нови учебници…, истакна меѓу другото министерката.

Јаневска изјави и дека постои можност за зголемување на сумата на студентскиот оброк поради инфлацијата, но дека тоа би било реализирано следната година.

„Искрено се надевам дека постои таква можност. Се разбира, треба да се направи нивелација на студентскиот оброк со инфлацијата, но зборуваме за следната година. За оваа година, тие побараа проширување на квотата, кое го направивме. Досега за сè што побараа, сме им излегле во пресрет и јас им благодарам, бидејќи тоа го признаваат и го промовираат“, рече Јаневска.

Слични вести