Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со аплауз ја дочека американската воена офанзива врз иранските нуклеарни постројки, нарекувајќи ја „храбра одлука“ и „пресвртница во историјата на регионот“.
– Честитки, претседателе Трамп. Вашата смела одлука да ги нападнете иранските нуклеарни објекти со импозантната и праведна моќ на САД ќе ја промени историјата – изјави Нетанјаху.
Израелскиот премиер посочи дека САД „вечерва дејствуваа со голема сила“, нарекувајќи ја акцијата неспоредлива, а Трамп – лидер што се спротивставил на „најопасниот режим во светот со најопасното оружје“.
– Прво доаѓа сила, потоа мир. И вечерва претседателот Трамп и САД дејствуваа со голема сила – додаде Нетанјаху, алудирајќи на својата позната фраза „Мир преку сила“.
Порака со сличен тон објави и израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон, кој напиша на платформата „X“: „Претседателот Трамп докажа дека ‘Никогаш повеќе’ не е