170
Во Собранието се прават подготовки за итна пленарна седница на која, откако веќе се распишаа локалните избори, би се донеле измени на Изборник законик за да се регулира собирањето потписи за независни кандидатури, објави „360 степени“.
Според информации на медиумот, измената би одела во насока на воведување нов минимален праг за т.н. независни кандидатури за градоначалници и советнички листи, при што најверојатно ќе биде предложено тој да изнесува 0,95 отсто од вкупниот број запишани избирачи во конкретната општина или на ниво на Град Скопје.
Тоа е за само 0,05 отсто помалку од прагот што Уставниот суд го прогласи за неуставен.