12
Германскиот фудбалер Флоријан Вирц кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул откако Баер Леверкузен се согласи да им го продаде на „црвените“ од „Енфилд“.
За својот најдобар играч, во кој се вклучени и бонусите, „Фармацевтите“ ќе добијат 150 милиони евра.
22-годишниот Вирц ќе влезе во историјата. Неговиот трансфер е најголем во историјата на Бундеслигата, во исто време најголем трансфер во историјата на Ливерпул и англиската Премиерлига.
Претходно најголемиот трансфер во историјата на клубот беше оној на Дарвин Нуњез од Бенфика за 85 милиони евра, додека рекордот на Премиерлигата го држеше Енцо Фернандез, кога Челси на Бенфика за него и плати 120 милиони евра.