Историски најниска излезност на локалните избори: За првпат под 50% во прв круг

by irena 10:19
10:19

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници, според подфатоците на ДИК, за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот круг.

Излезноста во првиот круг на осмите локални избори, од независноста на земјава досега, што се одржаа вчера, најверојатно ќе биде најмала досега со 48.29% според обработени 99.94% избирачи од 3 472 избирачки места од вкупно 3 474.

Најголема излезност во првиот круг на изборите за градоначалници во земјава имало на Локалните избори во 2013 година – 67 отсто, по што е во постојан пад, на 60 отсто на Локалните избори во 2017 и 50,57% на Локалните избори 2021 година.

Слични вести