Истакнатиот неготински ликовен уметник Чендо, со изложба во Скопје!

by Fokus

Утре, четврток, во Продажниот ликовен салон на Културно-информативниот центар, Скопје, ќе биде отворена самостојната изложба на истакнатиот академски сликар Илија Спасов – Чендо.

Тој има голем придонес во ликовниот живот на неговиот град, Неготино, со богат ликовен опус зад себе.

Освен самостојни изложби во родното Неготино, Чендо се има претставено и на изложби во Кавадарци, Скопје, Белград, Софија, Дубровник, Нови Сад… но и на голем број на групни изложби во земјава и странство.

Конкретно за изложбата во Скопје, ќе бидат претставени 25 дела изработени во техниката пастел, кои уметникот ги создал во изминатите две години. Влезот ќе биде слободен, а изложбата ќе биде отворена до први јули 2025 година.

Илија Спасов Чендо е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и добитник на престижната награда за сликарство „Лазар Личеновски“ во 2011 година.

Вики Клинчарова

Поврзани новости