Иран со итно писмо до Советот за безбедност поради нападите на САД

by Fokus

Постојаната мисија на Иран во Обединетите нации достави итно писмо до Советот за безбедност на полноќ во Њујорк (04:00 часот по Гринич), во кое остро ги осудува „незаконското и безобѕирно бомбардирање на нуклеарните постројки на Иран од страна на Соединетите Американски Држави“, пренесува Ројтерс.

„Соединетите Американски Држави и крволочниот режим на Израел ќе бидат целосно одговорни за овие флагрантни кршења на меѓународното право и мора да се соочат со тешките последици од тоа“, се вели во соопштението.

 

Поврзани новости