Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје, вели Трамп

by vlatko 23:26
23:26

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска навести дека крајот на американско-израелската војна против Иран можеби е на повидок.

-Ги запревме. Никогаш нема да имаат нуклеарно оружје. Никогаш нема да имаат нуклеарно оружје. И наскоро ќе завршиме со тоа. Наскоро ќе биде готово – рече тој.

Претходно, иранската новинска агенција објави дека катарска делегација води преговори со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во Техеран, во обид да се стави крај на војната, со посредство на Пакистан.

Слични вести