Обвинителството бара притвор за возачот од Косово кој ја предизвика трагедијата на обиколницата

by vlatko 22:41
22:41

Јавното обвинителство соопшти дека 76-годишниот возач од Косово, кој со камион премина преку банкината на скопската обиколница и предизвика директен судир во кој загинаа четворица луѓе, ќе одговара за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

„Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток. Притоа не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Кога дошол во близина на клучката Мирковци брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадени услови можел да ја предвиди.

Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел во лево, па удрил и ја пробил металната одбојна ограда и продолжил со движење, преминувајќи на коловозот од автопатот наменет за движење на возилата од спротивната насока, каде во него со предната страна удрил автомобил „БМВ“ кој се движел во насока од исток кон запад“, соопштија од Обвинителството.

По судирот, и автомобилот и камионот се запалиле. Во несреќата загинаа три момчиња на 20 и 21-годишна возраст: Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков, како и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков.

Слични вести