161
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавија променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h).
Исто така, за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Во вторник и во среда времето ќе биде претежно сончево и релативно топло. Во четврток повторно се очекуваат врнежи.