Иран: Најмалку пет лица загинаа во израелски напади врз петрохемиски постројки

by irena 08:44
08:44

Најмалку пет лица загинаа во израелски напади врз петрохемиски постројки во југозападен Иран, објавија денес иранските медиуми.

Израелската армија претходно објави дека во саботата ја нападнала Специјалната петрохемиска економска зона Махшар во југозападен Иран, пренесува Танјуг.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека комплексот „се користел за производство на материјали за експлозиви, балистички ракети и дополнително оружје“.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од последиците од воздушните напади врз петрохемиска постројка во југозападен Иран, на кои се гледаат густи облаци од чад од пожарот, објави Скај њуз.

Слични вести