Инцидент во близина на џамија: Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж

by Fokus

Скопјанец бил нападнат од малолетници со нож во близина на џамија во скопско. Тешко е повреден.

– На 06.06.2025 година во 01.00 часот Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица. На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот. Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р.К. се констатирани тешки телесни повреди – убодни рани и истиот бил задржан на понатамоишно лекување, информираа од полицијата во дневниот билтен.

Известен е надлежен Јавното Обвинителство, а од страна на ЕУМНА извршен е увид на местото на настанот, додека пак од страна на инспектори од ЕВР-ОКР Аеродром бил сочинет Записник за примање на пријава.

Поврзани новости