Има многу прашалници во извештајот за С. Македонија, вели Андреј Ковачев

by irena 10:36
10:36

Има многу прашалници во извештајот за Северна Македонија, кој беше одложен од самиот известувач Томас Вајц, рече во емисијата „Брисел 1“ европратеникот и член на претседателството на ЕП Андреј Ковачев, кој е меѓу оние што побараа негово одложување.

„Премиерот на РСМ имаше најмалку 4-5 настапи во медиумите во последната недела, во кои рече дека со месеци соработувал со известувачот и дека постигнал целосен успех – дека ЕП ќе го признае и докаже вековниот посебен македонски идентитет, јазик, историја, култура итн.“, посочува Ковачев.

Според него, многу е важно да се зачува имиџот и почитта кон самата институција, Европскиот парламент, и тој да не усвојува текстови што водат до двосмисленост или се нејасни.

„Мора прецизно и јасно да се наведе за што станува збор. Не можеме да оставиме текстови што секој потоа може да ги толкува како што сака“, додава европратеникот.

Слични вести