И се закани на тинејџерка да му дава пари – уапсен е 40 годишник од Пробиштип

by irena 17:03
17:03

Уапсен е пробиштипјанец кој со закани изнуди пари од 18-годишна девојка.

Од МВР информираат дека синоќа во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнуди да му даде пари.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести