Хуан Мата ја заврши фудбалската кариера

by irena 16:53
16:53

Поранешниот фудбалер Хуан Мата одлучи да ја заврши својата професионална кариера.

Играчот, кој најмногу се памети по настапите за Челси и Манчестер Јунајтед, како и за шпанската репрезентација, стави крај на својата фудбалска кариера.

Тој ја освои светската титула со Шпанија во 2010 година, како и европската титула во 2012 година, а до неодамна настапуваше во Австралија за прволигашот Мелбурн Виктори.

Иако имаше успешна сезона во 2025/26 година, во која беше прогласен за најдобар играч во австралиската лига, на 38-годишна возраст донесе одлука да стави крај на кариерата.

– Уживав во секоја минута и горд сум на сè што постигнавме минатата сезона. Повторно се заљубив во фудбалот во градот што имав привилегија да го нарекувам свој дом – изјави шпанскиот фудбалер.

Сепак, Мата ќе остане поврзан со клубот за кој настапуваше, бидејќи купи малцински удел во него. Тој ќе биде дел од новоформираниот управен одбор на клубот Мелбурн Виктори.

Тој исто така поседува сопственички удел во тимот на Алпин во Формула 1, како и во фудбалскиот клуб Сан Диего.

Слични вести