Мицкоски: Повикувам државната химна да се интонира во сите училишта и во сите општини

by irena 16:38
16:38

Премиерот Христијан Мицкоски бара македонската химна да се интонира во сите училиштата и во сите општини во земјава, без разлика на етничката структура на населението.

Тој денеска изјави дека интонирањето на химната е прашање уредено со Уставот и закон, нагласувајќи дека е потребно тие да се почитуваат.

„Јас повикувам сите, апсолутно сите општини, без разлика на етничката димензија, државната химна да се почитува и да се интонира во училиштата“, истакна Мицкоски.

За интонирањето на химна на друга држава, премиерот рече дека и тоа прашање е регулирано со закон.

„Има закон како се регулира тоа и согласно законот може да се интонира химна на друга држава доколку се интонира и државната химна“, изјави Мицкоски.

Слични вести